Состојбата на повредените е стабилна и веќе е направен неопходниот медицински преглед и третман во хируршкото одделение.

Објавил: admin@magazin | 24 септември, 2019 19:55

Се преврте автобус „Авто атом“ кај Кочани: Две лица задржани во болница!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Две жени, патнички во автобусот што попладнево се преврте на влезот на Кочани, поради посериозни повреди се задржани во Општата болница, а другите петмина повредени се пуштени на домашно лекување, објави Независен.

Состојбата на повредените е стабилна и веќе е направен неопходниот медицински преглед и третман во хируршкото одделение.

– Околу 15:30 часот на нашето одделение беа донесени седум лица кои се пожалија на повреди здобиени при превртување на автобус во кој се наоѓале. При прегледот е констатирано дека кај една од повредените има скршеница на две ребра, а друга се здобила со исеченици. Тие се задржани за натамошна опсервација и третман. Кај другите пациенти имаше набиеници од ударот, но без посериозни последици, поради што ги пуштивме на домашно лекување, изјави Томе Солевски, хирург во Општа болница – Кочани.

Автобусот, сопственост на компанијата „Авто атом“ од Кочани, се превртел околу 14:45 часот во близина на хотел „Национал“, по што паднал во отвор длабок три метри меѓу патот и железничката пруга. Според очевидци на настанот, друго возило му го попречило движењето поради што возачот во обид да го избегне излетал од коловозот.

Според првичните информации, автобусот е набавен во 2002 година, го поминал последниот технички преглед и е регистриран.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести