Тешка сообраќајна несреќа денеска се случи кај местото Вртиќ, кај Босна и Херцеговина. Има загинати и повредени.

Објавил: admin@magazin | 15 декември, 2018 13:17

Се преврте автобус во Босна – има загинати и тешко повредени

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Две лица го загубија животот, а осум се повредени, од кои еден потешко, во сообраќајна несреќа која се случи кај местото Вртиќ, кај Невесиње во Босна и Херцеговина кога автобус се преврте на патот.

Тешката несреќа се случила рано изутрина околу 08,00 часот на магистралниот пат помеѓу Невесиње и Гацко. Густата магла и лошата видливост се најверојатно причините  за несреќата. Автобусот изгубил контрола излетал од патот и се превртел. Во текот на денешниот ден полицијата ќе изнесе повеќе детални информации за случајот.
Според информацијата на полицијата, неколку од повредените се префрлени во болница, две лица го загубија животот а осум лица се повредени а еден е потешко.

Невесиње е градска населба и седиште на општината во Република Српска. Во населбата спрема пописот од 2013 година живеат 5.464 лица.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.