Во сообраќајна несреќа при превртување на камион кој превезувал илегални имигранти, во Мендерес, во турската област Измир, бројот на загинати се искачи на 22 лица и 13 повредени

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 12:40

Се преврте камион со илегални мигранти во Турција, 22 загинати

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во сообраќајна несреќа при превртување на камион кој превезувал илегални имигранти, што се случи во местото Мендерес, во турската област Измир, животот го загубија 22 лица, а 13 се повредени.

Според добиените информации, камионот што се движел од Ајдин кон Измир, кај местото Мендерес, излетал од патот и се превртел.

По упатен повик од страна на локалното население, на местото на несреќата пристигнале екипи на брзата помош, полицијата и противпожарни возила.

Во несреќата животот го загубија 22 лица, меѓу кои и деца, а 13 се повредени.

Повредените лица се префрлени во локалните болници.

Започната е истрага во врска со несреќата при што Републичкиот обвинител во Мендерес отвори истрага во врска со несреќата во која по превртувањето на камионот со илегални мигранти, животот го загубија 22 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.