четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Имено адвокатите на екс шефицана на СЈО, Катица Јанева бараа да се одложи денешното рочиште за предметот Рекет, извести ТВ Телма.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јануари, 2020 11:12

Се разболеа и двајцата адвокати на Јанева- судењето одложено за четврток

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денешното рочиште за предметот Рекет, на кое требаше да сведочи поранешната специјална обвинителка Лиле Стефанова е одложено за во Четврток. 

Имено адвокатите на екс шефицана на СЈО, Катица Јанева бараа да се одложи денешното рочиште за предметот Рекет, извести ТВ Телма.

Адвокатот Дељо Кадиев бил на болничко лекување до петок, а адвокатката Ирена Фрчковска исто така има влошена здравствена состојба, па поради тоа бараат одложување на неколку дена.

Камчев: Катица Јанева беше алчна за пари, а сите кои се рекламирале во 1ТВ на некој начин биле рекетирани од Боки 13

Случајот кој се наоѓа во доказна постапка го води судијката Васка Николовска-Масевска која им порача на Кадиев и Фрчковска најдоцна до утре да достават документација, и истакна дека не е пречка ако Кадиев е во болница, доколку Фрчковска може да доаѓа следните денови. 

Како сведок во судот исказ претходно даде даде и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска.

Досега исказ дадоа и бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.