Опозиционите албански партии бараат да се запише Република Косово во Уставот како држава со која граничи Северна, а да се избрише "Македонски" пред граѓани на државата

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 декември, 2018 8:58

Се ситни 2/3 мнозинство, се бара да се избрише Македонски граѓани а додаде Косово

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Опозиционите албански партии Алијанса за Албанците на Зијасин Села и Беса на Билал Касами можно е да му пресудат на Преспанскиот договор.

Откако во втората фаза не беа земени во предвид нивните осум амандмани, сега бараат имплементирање на два во финалната трета фаза од уставните измени.

Партиите заедно имаат пет пратеници за кои станува неизвесно дали би го поддржале имплементирањето на Препанскиот договор ако не им се исполнат барањата.

Пратениците на Алијанса за Албанците доставија амандмани со кои бараат во уставниот закон, покрај другите држави со кои се граничи Македонија, да се додаде и Република Косово.

Амандман 1

По Член 1 се додава нов член, Член 1-А во кој се вели:

Член 1-А

Државната граница на Република Македонија и нејзината постојана граница со Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Србија и Република Косово.

Во линија на уставните измени, пратениците на Алијансата за Албанците предложија уште еден амандман што се однесува на терминот “македонски граѓани”.

Од оваа партија, преку предложениот амандман бараат во Уставот терминот “македонски граѓани” да се замени со терминот граѓани.

Амандман 2

Во Членот 2 став 2 зборовите “македонски граѓани” да се заменува со “граѓани”

Преку овие промени, според пратениците на Алијанса, ќе се изрази еднаквоста на сите граѓани на Република Македонија. Дебатата за уставните измени, поради смртта на градоначалникот на Охрид, одложена е за вторник.

Македонија го призна Косово како независна држава на 10 октомври 2008 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести