Расте бројот на Хрвати кои јавно се огласија и го покажаа своето незадоволство на социјалните мрежи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 ноември, 2019 9:30

Се спремаат масовни протести за поддршка на Северина: Јавноста бара детето да се врати кај мајка си!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фановите на познатата хрватска пејачка се кренаа на нозе откако пред два дена судот во Загреб донесе одлука да и биде одземен синот. Јавноста спрема масовни протести во врска одлуката и бараат детето да биде земено од Милан Поповиќ.

Пред два дена Северина го изгуби старателството врз синот Александар

Расте бројот на Хрвати кои јавно се огласија и го покажаа своето незадоволство на социјалните мрежи. Тие и даваат поддршка на Северина, а и многу колеги се огласија по одлуката кои јавно ја поддржаа Северина.

Одлката старателството над нејзиниот син да го превземе поранешниот соприг на Северина бизнисменот Милан Поповиќ ја погоди и Данијела Дворник која се огласи на својот Фејсбук.
А одлуката на судот предизвиака и бес кај членовите на иницијативата #спасиме

која ја покрена Јелена Вељача- поднесе расправа на Фејсбук групата. Поединци кои коментираа предложија да се организира протест за Северина.
 

Прашање на време е кога ќе се одржат протестите но Јелена во телефонски разговор за Слободна Далмација не сакаше да коментира но преку иницијативата спаси ме издаде соопштение за јавност. 

– Како жена, мајка, граѓанин и иницијатива #спасимесметаме дека е радикално одвојувањето на детето од мајката со  која поминал поголем период од животот и тоа емоционално влијае врз детето. Оправдување за ваква постапка нема, веруваме дека ќе се најде некое друго решение.

Ние не знаеме што се случувало во целиот процес кој траеше шест години ниту пак што стои во пресудата, тоа од правна страна не можеме да го коментираме, но одвојување на детето од својата мајка кое седум години живее здраво и среќно со неа е крајна мера која е оправдана само поради насилство.

Во конкретниот пример сведочиме здрав, среќно и прекрасно дете кое целиот свој живот го помина со својата мајка, па затоа оваа одлука баш и нема добро да влијае врз детето.

-Сите објави појаснуваат дека фановите на Северина се едногласни дека одлуката била грешка на судот, а дел од коментарите на иницијативата Спасиме се избришани бидејќи биле трауматични за овој случај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.