Оваа вест за естрадниот магазин  „Бекстејџ“ ја потврди близок член од семејството на Стоилов а „Еспресо“ објави фотографија од девојката на Столе.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 февруари, 2020 11:17

СЕ СПРЕМА ГОЛЕМА СВАДБА: Ова е девојката со која Стоилов го чека своето прво дете!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Капитенот на Вардар, Столе Стоилов на големо е во подготовки за свадбената церемонија. Освен што ракометарот ќе “рипне во тавче”,  минатата недела како бомба одекна веста дека тој ќе стане и татко.

Оваа вест за естрадниот магазин  „Бекстејџ“ ја потврди близок член од семејството на Стоилов а „Еспресо“ објави фотографија од девојката на Столе.

Ова е девојката на еден од најдобрите македонски ракометари Столе Стоилов…

Неговата избраничка со која го очекуваат првото дете е уметничката Деница Огненоска.

Како што беше коментирано од страна на неговите обожаватели, под фотографијата која ја објави „Еспресо“ парот бил во врска само неколку месеци, а веќе на големо се планира и свадбата.

За нивната љубов знаат само најблиските, а она што ѝ е познато на редакцијата на Еспресо.мк, Деница е по професија уметник.

Познато е дека Столе никогаш не сакал да зборува за својот приватен живот, но работата на естрадните новинари е секогаш да ја информираат јавноста и за приватниот живот на познатите личности…

Од порталот пишуваат дека се обиделе да стапат во контакт со Столе за потврда на оваа информација но не добиле одговор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.