-Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

Објавил: admin@magazin | 11 ноември, 2019 22:05

СЕ СРЕТНАА МАКРОН И ПАНДАРОВСКИ: Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата на покана од претседателот Макрон

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонскиот претседател Стево Пендаровски вечерва присуствува на вечерата пред Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

Вечерва претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски во Париз беше пречекан од францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој утре ќе оствари средба со Емануел Макрон, на која се очекува да разговараат за ЕУ перспективата на Македонија.

Вечерва Пендаровски беше пречекан од францускиот претседател Емануел Макрон.

-Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Шефот на државата веќе најави дека Македонија е подготвена да продолжи на патот кон членство, независно по која методологија ќе се движи процесот – дали по актуелната, или по нова што ја бара Париз.

Иако утрешниот состанок се смета за многу значаен, Пендаровски не очекува дека може многу брзо Макрон да се предомисли од својот став.

„Да сме на чисто, да сме ние на чисто, ние сме мала земја со добри аргументи што ќе му бидат предочени на таа средба. Но, да не одиме со преголеми очекувања зашто никој не може да го разубедува францускиот претседател“, изјави Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.