Се уште не е позната состојбата на повредените но за среќа нема починати.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2019 15:05

Се срушија терасите од трикатна куќа – во несреќата има 22 повредени, меѓу кои и три деца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото слободен печат

Голема несреќа ги потресе жителите на Њу Џерси, во која најмалку 22 лица се повредени, меѓу кои и три деца,. Несреќата настанала кога една врз друга се срушиле терасите на трикатна куќа.

Несреќата настанала кога една врз друга се срушиле терасите на трикатна куќа

Се уште не е позната состојбата на повредените но за среќа нема починати.

Веднаш по несреќата повредените биле примени во локалната болница каде им била укажана помош и за сега нема подетални информации за настанатите повреди.

 

Несреќата се случила во текот на годишната Конвенција на пожарникарите, па се претпоставува дека и тие се меѓу повредените.

 

Како што изјавија за тамошните медиуми спасувачките служби, луѓето заробени под рушевините брзо биле спасени. Нема детали за тоа дали под рушевините се уште има заробени лица.

Инаку Њу Џерси е сојузна држава од САД. Се наоѓа во североисточниот дел од земјата. Главен град е Трентон, а други поголеми градови се Џерси Сити, Њуарк, Кемден и Атлантик Сити. Во градот и државата живее поголема македонска иселеничка колонија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...