Полицијата соопшти дека авионот полетал утрово од западна Швајцарија кон Италија и еден час по полетувањето се урнал и се запалил недалеку од границата со Италија.

Објавил: Перо Милчин | 25 август, 2019 18:40

СЕ СРУШИ АВИОН НА ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИ, ИМА ЗАГИНАТИ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

При уривање на мал авион на швајцарските Алпи, загинаа три лица меѓу кои и едно дете.

Како што соопшти полицијата, авионот полетал утрово од западна Швајцарија кон Италија и еден час по полетувањето се урнал и се запалил недалеку од границата со Италија.

Пронајдени се телата на пилотот и двајца патници, меѓу кои и дете, пренесе „АП“.

Повеќе информации во текот на вечерта.

Алпите е името на едни од најголемите планински вериги во Европа, протегајќи се од Австрија и Словенија на исток; преку Италија, Швајцарија, Лихтенштајн и Германија; до Франција на запад.

Највисокиот врв на Алпите е Монблан, на 4.810 метри (15,775 стапки) од италјанско-француската граница. Сите главни врвови на Алпите можат да се најдат на листата на планини на Алпите и на листата на врвови на Алпите според еминентност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...