Властите соопштија дека лошото време ќе биде еден од факторите што ќе се испита, но причината за несреќата сè уште не е позната.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 декември, 2019 9:45

СЕ СРУШИ ПАТНИЧКИ АВИОН ВО САД: Најмалку 10 лица се загинати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку девет лица загинаа, а тројца се повредени во пад на мал авион во американската држава Јужна Дакота.

Како што соопштија локалните власти, авионот со 12 патници се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот во градот Чемберлен. Авион бил на пат кон Ајдахо Фолс, во државата Ајдахо.

Амриканските медиуми соопштуваат дека во времето на полетувањето на авионот во Чемберлен во сила било предупредување за големо зимско невреме.

Причината за падот на авионот сеуште не е позната, но властите соопштија дека лошото време ќе биде еден од факторите.

Неодамна две лица загинаа во авионска несреќа на Алјаска, кога хидроавион на авиокомпанијата „Такуан Ер”, во кој се наоѓале пилотот и патник, се урна во пристаништето Метлакатла, недалеку од градот Кечикан, во југоисточниот дел на оваа американска сојзуна државата.

Ова беше втора авионска несреќа во Алјаска на летало од „Такуан Ер” во период од една недела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...