21 годишното момче од село Бистренци, Демир Капија, вчера влегло во водите на реката Вардар да се разлади додека ги напасувало своите говеда, но досега не е вратено дома. Цела вечер блиските и соселаните трагале по момчето но се уште нема ни трага ни глас од него.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 август, 2019 9:46

Се трага по исчезнато момче- влегло во Вардар да се разлади и не се вратило

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Младо момче исчезнало вчера околу 14 часот, откако влегло во водите на реката Вардар околу 14 часот, но се уште не се вратило дома.

21 годишното момче од село Бистренци, Демир Капија, вчера влегло во водите на реката Вардар да се разлади додека ги напасувало своите говеда, но досега не е вратено дома. Цела вечер блиските и соселаните трагале по момчето но се уште нема ни трага ни глас од него.

Најверојатно е удавено, не знаело да плива. Ноќеска стотина лица го баравме до три часот изутрина, синоќа неколку лица од селото нуркаа во водата, но не е најдено ништо, сега од пет утрово повторно сме тука покрај реката. Триесетина сме, некои со гуми по водата, останатите се распоредени покрај брегот. Алиштата и телефонот му се најдени покрај реката, изјавија за МИА жители на селото.

Жителите за МИА, изјавиле дека случајот е пријавен во полиција. Ноќеска на терен биле и полицајците, цела ноќ од нив имало дежурни на терен.

И сега има полицајци, се чека јавен обвинител и инспектор. Треба да дојдат нуркачи, додаваат житлите на селото.

Од општина Демир Капија го потврдија случајот за МИА и рекоа дека интензивно се трага по момчето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести