Голманот исчезнал синоќа околу 21 часот по тренингот со неговиот клуб, а утрово неговото безживотно тело било пронајдено во водите на Охридското езеро, во близина на туристичката населба Лагадин.

Објавил: Перо Милчин | 29 мај, 2021 14:26

Се удави младиот ракометен голман Никола Даниловски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голманот на РК Охрид и повремен македонски репрезентативец, Никола Даниловски се удави во Охридското езеро, јавуваат спортските портали.

Безживотното тело на дваесет и шестгодишниот голман Даниловски било пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а како што информираат од охридската полиција, на телото немало траги од насилство.

Голманот исчезнал синоќа околу 21 часот по тренингот со неговиот клуб, а утрово неговото безживотно тело било пронајдено во водите на Охридското езеро, во близина на туристичката населба Лагадин.

Поради трагичната смрт на младиот голман, денеска е одложен мечот од Суперлигата во ракометната лига на Македонија, меѓу Охрид и Струга.

Никола Даниловски потекнува од школата на Металург. Со македонската младинска репрезентација го оствари најголемиот успех, петто место на Светското младинско првенство во Алжир.

Во својата кратка кариера настапуваше за Металург и Пелистер, пред да се пресели во Охрид. Поради трагичниот настан е одложен натпреварот меѓу Охрид и Струга во рамките на македонската Суперлига.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...