Законот за кој тогашниот министер тврдеше дека е најлиберален во Европа, го закопа самиот Тодоров со јавно извинување до сите жени што донел погрешно законско решение

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 12:19

Се укинува законот за абортус на Тодоров

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерството за здравство го почна процесот за промена на Законот за прекинување на бременоста.

По повеќе месечните консулатиции со претставници на граѓанските организации, целосно инклузивно и отворено ги прифативме забелешките на сите засегнати страни, како и препораките на меѓународните организации и Светската здравствена организација,соопшти Министерството.

Волјата на жената ќе биде на прво место. Со измените на Законот се укинува задолжителното советување и чекање од 3 дена, како и задолжително формирање на Комисија до 22-рата гестациска недела од бременоста. На Единствениот Национален Електронски Регистар на Прописи на Република Македонија (ЕНЕР) е поставено известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог-закон за прекинување на бременоста.

Практиката на примена на важечкиот Закон за прекинување на бременоста покажа проблеми со постојните административни процедури/бариери со што се ограничува пристапот до и спроведување на постапката за безбеден абортус и остварување на правото на жените за спроведување на безбеден абортус, стои во соопштението.

Комитетот за човекови права и Комитетот за културни и социјални права на ООН имаат изразено загриженост во однос на „условите воведени со Законот за прекинување на бременоста од 2013 година со кои може кумулативно да се ограничи пристапот до легален абортус“.

Со промената на Законот ќе се укинат постојните административни процедури/бариери за спроведување на постапката за безбеден абортус. На жената ќе и се даваат комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата.

Одлуката за прекин на бременост ќе може да ја донесе пациентката свесно, без принуда од било кого, како и да и се даде поддршка на пациентката, без било какво искажување на осуда или обвинување од страна на здравствените работници. Дополнително ќе се намалат глобите поврзани со прекршоците. Со оваа законска промена ќе се оствари правото на жената на безбеден абортус, соопшти Министерството.

Фамозниот Закон за абортус беше донесе во време кога министер за здравство беше Никола Тодоров кој по исклучувањето од партијата.

Тодоров им се извини на жените поради Законот за абортус, за кој во 2013 година, кога беше донесен, тврдеше дека бил најлиберален во Европа. Законот беше донесен во отсуство на пратеничката група на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...