Комисијата за заразни болести на состанокот предложила неколку нови мерки.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 октомври, 2020 8:40

Се уште ништо конкретно: Од понеделник ќе се одлучува за нови рестриктивни мерки!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерството за здравство ги демантира информациите што ги објавија неколку медиуми за наводни нови рестриктивни мерки.

До овој момент, нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки, информира Министерството за здравство.

Во соопштението се посочува дека викендов ќе се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците и врз основа на направената анализа ќе се заземе став дали се потребни мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата.

– Ги замолуваме медиумите да се воздржат од дезинформации. Граѓаните да се информираат исклучиво од релевантните институции, Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија. По завршувањето на анализата со епидемиолошката состојба, јавноста ќе биде навремено информирана, се нагласува во соопштението на Министерството за здравство. 

За потсетување, вчера Комосијата за заразни болести свика итен состанок со министерот за здравство поради големиот број на новозаболени од Ковид 19.

Комисијата за заразни болести на состанокот предложила неколку нови мерки.

Прво дефинитивно ќе предложиме да се намали работното време на локалите, ноќните клубови, кафулињата и така натаму, практично секаде каде што има голема концентрација на луѓе, а речиси никој не ги почитува мерките за заштита од корона вирусот. Ние навистина дозволивме угостителските објекти да работат од економски аспект, но ова повеќе нема никаква смисла, сè е претерано, и нормално е да имаме рекордни бројки на новозаразени. Еве, токму синоќа во локал во Драчево имало присутни повеќе од 2.000 луѓе. Гостувал некој пејач од Србија. Навистина не знам со кој памет се прави сето ова. Затоа нашата препорака ќе биде работно време за угостителските објекти и ноќни локали да биде ограничено до 22 часот. Сметаме дека рестриктивните мерки навистина имаа добри резултати, вели изворот на Фактор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.