Груби: Продолжува инфантилната политика на Иванов

Објавил: admin@magazin | 26 јуни, 2018 18:15

„Се чека вистинскиот момент за импичмент на Иванов“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот Артан Груби од ДУИ денеска рече дека импичментот за претседателот на државата Ѓорге Иванов е подготвен, но дека се чека „вистинскиот момент“ тој да биде доставен до Собранието.

– Продолжува инфантилната политика на Иванов и жалам за тоа, но морам да ги убедам граѓаните дека нема да се дозволи еден узурпатор кој нема легитимитет посебно кај Албанците да ја суспендира работата на Собранието кога целиот демократски свет го поздрави Договорот, рече Груби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести