Се чистат диви депонии на девет локации, кои беа мапирани од страна на ЈП „Охридски комуналец“!

Објавил: Перо Милчин | 16 април, 2022 10:48

Се чистат диви депонии во Охрид!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се чистат диви депонии во Охрид!

Започна големата акција за чистење на диви депонии на територија на Општина Охрид!

Се чистат диви депонии на девет локации, кои беа мапирани од страна на ЈП „Охридски комуналец“!

Во акцијата учествуваат сите општински јавни претпријатија, со луѓе и механизација, а дополнително е ангажирана и механизација од страна на економските оператори со кои имаме соработка.

Неодамна по налог на Општина Охрид, екипите на ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа активности за уредување на спомен-обележјата и зелениот простор во нивна близина.

 Санирани се и исчистени бистите и спомен-плочите и извршено се соодветно хортикултурно уредување на околината. Овие активности се дел од Програмата за работа на Одделението за култура. Во иднина, согласно програмските активности и во соработка со јавните претпријатија предвидено е да бидат ревитализирани, санирани и обновени спомениците во надлежност на Локалната самоуправа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани