Во пресрет на 11 Октомври - Денот на народното востание, Град Скопје почна со акција за чистење на спомениците на Народно-ослободителната борба (НОБ).

Објавил: Владо Марин | 10 октомври, 2020 10:42

СЕ ЧИСТАТ СПОМЕНИЦИТЕ НА НОБ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СЕ ЧИСТАТ СПОМЕНИЦИТЕ НА НОБ!

Во пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание, Град Скопје почна со акција за чистење на спомениците на Народно-ослободителната борба (НОБ).

СЕ ЧИСТАТ СПОМЕНИЦИТЕ НА НОБ!

Со оваа акција веќе се исчистени спомениците на жената борец, Благоја Деспотовски – Шовељ, Перо Наков, Панче Пешев, како и споменикот на УРС-овите синдикати.

Во наредниот период ќе продолжи акцијата за чистење на другите споменици на НОБ.

Спомениците на учесниците во НОБ кои се поставени во Скопје заслужуваат посебно внимание и затоа Град Скопје ќе продолжи да се грижи тие редовно да се одржуваат заедно со просторот околу нив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.