Кекеновски упати критика до Груевски и вели дека лажел додека е на власт, а истото го прави и сега. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јануари, 2020 9:56

СЕ ЈАВИ ОД БУДИМПЕШТА ,,ХЕРОЈОТ ВО ПАПУЧИ”- професорот Кекеновски удри по Груевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот Јове Кекеновски се огласи насвојот официјален Фејсбук профил по повод статусот на поранешниот премиер Никола Груевски кој вели дека не бил организатор на настаните во Собранието на 27-ми април.

Професорот Јове Кекеновски му возврати на поранешниот премиер Никола Груевски

Кекеновски упати критика до Груевски и вели дека лажел додека е на власт, а истото го прави и сега. 

СЕ ЈАВИ ОД БУДИМПЕШТА ХРАБРИОТ ,,ХЕРОЈ ВО ПАПУЧИ”

Лажеше додека беше на власт, лаже и сега додека со папучи на нозете седи во некој удобен и топол апартман во братската му земја Унгарија и реагира на обвинението покренато за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.
,,Херојов во папучи” наместо да собере храброст да се врати дома и да ја сподели судбината со неговите му некогаш верни слуги одработувачи и пред неговите довчерашни судии и обвинители да ја докаже неговата наводна невиност тој се распишал статуси и глуми ,,девица”.
А тоа што многумина од неговите веќе се на робија, а некои допрва и ке робијаат, за него и не е така битно. Важно е дека се уште е актуелен и од далечина преку партиските му верни челници и другите негови прислужници ги влече конците.
П.С. Се додека во Република Македонија трпиме премиери и лидери кои бесрамно лажат, крадат и остануваат неказнети, а ние им посветуваме внимание и им даваме гласови, се дотогаш нема да станеме нормална држава.😰

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...