Толку биле капацитетите, што, пак, доведува до заклучок дека од страна на најодговорните е затаено во смисла на подобрување на овие капацитети, вели Фатиме Фетаи

Објавил: Македонка Димкин | 4 март, 2019 18:42

Се јави СЈО: Правда за убиените кај Смилковско сепак ќе има!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

По седум години од петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, СЈО го презеде случајот „Монструм“ во свои раце. Обвинителката Фатиме Фетаи во интервју за неделникот „Фокус“, истакна дека ќе ја откријат вистината, а злосторниците ќе ја добијат заслужената казна.

ФОКУС: Во ваши раце и е случајот „Монструм“. Дали по седум години од петкратното убиство, јавноста, а пред сѐ родителите на убиените деца, конечно ќе ја дознаат вистината?

» СЈО го презеде и го застапува предметот „Монструм“, единствено заради таа цел – вистината. Уверувам дека како обвинителство ќе ги реализираме заложбите сите да ја дознаат вистината за извршителите и нивниот порив вели Фетаи.

ФОКУС: Дали и според вас мотивот за егзекуцијата кај Смиљковско Езеро е исламски тероризам, како што беше според обвинението на Гордана Гешкоска, или сте насочени во друга насока?

» ФЕТАИ: Можам само да кажам дека мотивот е повеќе за анализа од друг аспект, а по однос на казната која извршителите ја заслужиле воопшто не е битен, така што, оние кои учествувале во ова недело немаат многу аргументи да не добијат доживотен затвор, всушност немаат никакви.

ФОКУС: Дали МВР и редовното обвинителство потфрлиле во расчистувањето на петкратното убиство? Дали некој сакал да ја сокрие вистината или толку биле капацитетите?

» Толку биле капацитетите, што, пак, доведува до заклучок дека од страна на најодговорните е затаено во смисла на подобрување на овие капацитети, и во смисла на превенција, и во смисла на откривање на сторителите, а особено во прибирањето на доказите. Основно, затаила првата и најбитна реакција на државата во ваков случај, можеби по примерот на српската „сабја“ при убиството на нивниот премиер. Не сакам да верувам дека нешто намерно се направило во овој контекст, а и сѐ уште немам таков извор, обајснува Фетаи

ФОКУС: Дали стравувате дека обвинетите можат да избегаат, бидејќи се соочени со казна доживотен затвор, а не се во притвор?

» ФЕТАИ: Притворот по подигнување на обвинение е лимитиран во време, а во претходната постапка што сега се води одново е истрошен временскиот рок, речиси целосно. Друго не би можела во овој момент да кажам, освен дека сум убедена во процесна правда за децата и за рибарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Хроника