Според експертите таква одлука не е потребна, но денеска повторно закажаа дискусија за ова прашање во Женева.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јануари, 2020 9:24

СЗО:Нема простор за паника, засега нема да се прогласи вонредна состојба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашниот вонреден состанок, Светската здравствена организација соопшти дека нема да прогласи меѓународна вонредна состојба во сферата на јавното здравје поради новиот смртоносен коронавирус што се појави во Кина и кој однесе 17 животи.

Според експертите таква одлука не е потребна, но денеска повторно закажаа дискусија за ова прашање во Женева.

Новиот смртонесен вирус Корона се пренесува од лице на лице

Кинеските власти го известиле СЗО на 31 декември за појавата на досега непознатата пневмонија во централниот град Вухан, со население од 11 милиони луѓе. На 7 јануари кинеските експерти ја идентификуваа причината за заболувањето – коронавирус 2019-nCoV.

Возовите и авионите се запрени од вчера во Вухан за да се ограничат ризиците од меѓународно ширење на заразата.

Според ажурираните бројки, властите во Кина потврдија 17 смртни случаи на коронавирусот, а 554 други се заразени. Пациентите со коронавирус се во Вухан, Пекинг, Шангај, Шенжен и во други градови. Инфицирани со коронавирусот има и во Јапонија, Филипините, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд и САД.

Денеска Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ) објави дека развојот на вакцината против новиот тип на коронавирус ќе трае најмалку една година.

Вчера бројката на заболени од овој вирус беше 440 но за еден ден се покачи на 517, а смртоносниот вирус однесен 17 животи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.