среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Секоја година речиси три милиони лица се гризнати од потенцијално отровни змии, што резултира со дури 138.000 смртни случаи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 мај, 2019 16:52

СЗО: Годишно 130.000 луѓе умираат од каснување од змија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светската здравствена организација (СЗО) ја објави својата прва глобална стратегија за решавање на проблемот со гризнувања од змија, со цел до 2030 година да се преполови бројот починати и онеспособени луѓе.

Доколку ве касне змија веднаш измијте го местото со вода и сапун. Држете ја раната пониско од нивото на срцето и со завој или друго платно подврзете ја раната 10 сантиметри над местото на каснување. Така ќе го успорите ширењето на отровот. Сепак, немојте премногу да го стегнете телото бидејќи ќе го запрете дотокот на крв. Нека завојот биде толку стегнат да можете да провлечете прст.

Секоја година речиси три милиони лица се гризнати од потенцијално отровни змии, што резултира со дури 138.000 смртни случаи.

Минатата седмица, британската добротворна истражувачка организација „Велкам траст“ објави програма вредна 100 милиони долари за справување со овој проблем, наведувајќи дека постојат нови потенцијални лекови што може да се тестираат.

Организацијата „Доктори без граници“ ја прифаќа новата стратегија со „воздржан оптимизам“, но смета дека таа може да биде пресвртница во решавањето на овој проблем, што СЗО го нарекува „притаена епидемија”.

Стратегијата на СЗО вклучува интензивирање на пристапот во лекување на светско ниво и развој на противотрови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.