Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус рече дека дневно се регистрираат до 160.000 случаи и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јули, 2020 17:51

СЗО ГО ПРЕДУПРЕДУВА СВЕТОТ: Пандемијата е се повеќе присутна, придржувајте се до мерките за заштита!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 60% од 10 милиони пациенти ширум светот се регистрирани во јуни, што, предупредува таа, покажува дека епидемијата се влошува, а не послаба.

Директорот на СЗО напомена дека носењето маска понекогаш може да спаси животи.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус рече дека дневно се регистрираат до 160.000 случаи и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.

„Пронајдете, изолирајте и грижете се за секој случај, следете ги и контролирајте ги нивните контакти, ставете ги во карантин, обучете ги и опремувајте ги здравствените работници, едуцирајте ги и оспособете ги граѓаните за да можат да се заштитат себе си и другите“, рече Тедрос.

Тедрос предупреди дека земјите што применуваат само дел од мерките имаат „долг пат“.

“Не само  тестирање. Не само физичко растојание. Не само следење контакти. Не само носење маски. Туку се одеднаш”, рече тој, потенцирајќи дека една од работите што ги научил во изминатите шест месеци е дека никогаш не е доцна да се промени ситуацијата во до некоја земја.

Земјите од Блискиот исток достигнаа „критичен праг“ како одговор на пандемијата на коронавирус, откако мерките за карантин постепено се олеснуваа со отворањето на границите, соопшти Светската здравствена организација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.