Во своето обраќање таа посочи дека првенствено треба да се даде приоритет на здравствените работници и старите лица во случај на недостиг на вакцини, пренесува Гардијан.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 септември, 2020 16:31

СЗО: Има држави кои се соочуваат со проблеми со набавка на дополнителни вакцини за грип

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска Ан Моен, шефицата на Светската здравствена организација за одговор на грип, посочи дека ситуацијата со коронавирусот излегува од контрола и одредени држави не можат да обезбедат дополнителни дози на вакцина против грип, во услови на зголемена побарувачка.

Во своето обраќање таа посочи дека првенствено треба да се даде приоритет на здравствените работници и старите лица во случај на недостиг на вакцини, пренесува Гардијан.

Властите во повеќето земји стравуваат од поклопување на заболени од грип и корона, со што ќе дојде до пренатрупување на болничките капацитети, поради тоа СЗО апелира на навремено вакцинирање против сезонски грип. 

Во моментов многу помалку вируси на грип циркулираат на јужната хемисфера отколку порано, што се должи на мерките на социјално растојание и ограничувањата воведени поради епидемијата на новиот коронавирус, истакна Моен.

На ова прашање и министерот за Здравство на Македонија, Венко Филипче посочи дека на есен се очекуваат поголеми предизвици. 

Болниците веќе се подготвуваат, се прави план за искористување на капацитетите, иако целта е да не дојде до тоа, рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.