Директорот на СЗО, Тедрос и директорот на СЗО за итни програми Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење маски, физичко растојание, миење на рацете и тестирање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 август, 2020 16:02

СЗО: И покрај сите напори, во моментов нема спасоносна вакцина против коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

И покрај сите обиди кои ги прават научниците за да создадат ефективна вакцина против новиот вирус Ковид-19, Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека можеби никогаш нема да има сигурен лек за коронавирусот.

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

– Во моментов немаме конечно решение за вирусот, и можеби никогаш нема ни да има, предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Директорот на СЗО, Тедрос и директорот на СЗО за итни програми Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење маски, физичко растојание, миење на рацете и тестирање.

– Пораката до луѓето и владите е јасна: Направете сè, рече Тедрос на брифинг во Женева.

Првиот човек на СЗО, вели дека со оглед на ситуацијата со коронавирусот, заштитните маски треба да станат симбол на солидарноста ширум светот.

Рајан рече дека земјите со висок степен на трансмисија, меѓу кои се и Бразил и Индија, треба да водат голема битка.

– Излезот е долгорочна и постојана посветеност, истакна тој.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.