Тој и не го оправдува олабавувањето на мерките, кое веќе започна во многу европски држави, но сепак ги предупреди земјите што почнуваат да ги олеснуваат своите ограничувања, дека сега е „време да се подготват, а не да слават“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 мај, 2020 10:41

СЗО: На есен се очекува втор посмртоносен бран на коронавирус!

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Во интервју за „Дејли телеграф“, д-р Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација во Европа, рече дека европските земји мора да се подготват за смртоносен втор бран на коронавирус инфекции затоа што пандемијата не е завршена.

Тој и не го оправдува олабавувањето на мерките, кое веќе започна во многу европски држави, но сепак ги предупреди земјите што почнуваат да ги олеснуваат своите ограничувања, дека сега е „време да се подготват, а не да слават“.

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

Според него бројот на намалени случаи на Ковид-19 во Велика Британија, Франција и Италија не е показател дека пандемијата почнува да се намалува а ни дека завршува.

Епицентарот на европскиот појава сега е на исток, при што бројот на случаи се зголемува во Русија, Украина, Белорусија и Казахстан. Државите треба да го искористат ова време мудро и да почнат да ги зајакнуваат системите за јавно здравје, како и да градат капацитети во болници, одделенија за итни случаи и интензивна нега. Сингапур и Јапонија сфатија рано дека ова не е време за славење, туку време за подготовка. Скандинавските земји го прават истото – тие не исклучуваат втор бран, но се надеваат дека тој ќе биде локализиран и тие ќе можат брзо да го надминат, изјави тој.

Според Клуге гоелма е можноста за втор бран може кој пак би можело да се совпадне со појава на други заразни болести.

Јас сум многу загрижен за можноста за двоен бран – наесен може да имаме втор бран на Ковид-19 и друг сезонски грип или сипаници. Пред две години имавме 500.000 деца кои немале своја прва вакцина против сипаници, додаде Клуге.

На почетокот на овој месец, на шпанското население му беше дозволено спортување надвор за првпат во седум недели, а рестораните во некои делови на Германија повторно се отворија. Во Франција, на луѓето повеќе нема да им требаат дозволи за патувања за да објаснат зошто си заминале од дома. Но, во отсуство на ефикасно лекување на вирусот или вакцина, според Клуге, секоја блокада мора да биде придружена со строги мерки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.