Советите, објавени на веб-страницата на СЗО заевропскиот регион, опфаќа широк спектар на прашања поврзани со зимската рекреација и празниците, вклучително и дали да се направи пауза за скијање и сезонски прослави, објави британскиот весник „Гардијан“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 декември, 2020 19:34

СЗО: Носете маска на божиќните прослави, можен е нов бран на почетокот на 2021

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика Европејците да носат маски на семејните божиќни собири, објави Би-Би-Си!

Советите, објавени на веб-страницата на СЗО заевропскиот регион, опфаќа широк спектар на прашања поврзани со зимската рекреација и празниците, вклучително и дали да се направи пауза за скијање и сезонски прослави, објави британскиот весник „Гардијан“.

Германија, Холандија, Чешка, Данска и Литванија се меѓу европските земји кои ги заострија мерките во пресрет на празниците, а нови мерки најавуваат и Италија и Шпанија.

Франција, пак, го замени второто национално затворање со полициски час од 20 до шест часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.