Директорот на СЗО за вонредни ситуации Де Мајк Рајан предупреди дека прогнозата за исчезнување на вирусот е „неблагодарна“ и истакна дека е неопходен „масовен напор“, дури и ако се најде вакцина.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 мај, 2020 10:38

СЗО ПРЕДУПРЕДУВА: Коронавирусот можеби и никогаш нема да исчезне!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека вирусот корона можеби никогаш нема да исчезне, јави Би-Би-Си.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации Де Мајк Рајан предупреди дека прогнозата за исчезнување на вирусот е „неблагодарна“ и истакна дека е неопходен „масовен напор“, дури и ако се најде вакцина.

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

Како резултат на Ковид-19, во светот умреа скоро 300 илјади луѓе, а досега се потврдени вкупно 4,3 милиони случаи на инфекција.

СЗО апелираше до владите ширум светот да го земат предвид менталното здравје на граѓаните  кое пандемијата масовно го загрози .

„Овој вирус можеби и никогаш нема да исчезне, но ниту ХИВ вирусот не е исчезнат, така што сепак успеавме да го доведеме под контрола“, рече д-р Рајан на прес-конференцијата во Женева.

Директорот на СЗО, д-р Тедрос Адамос предупреди дека не постои докажан начин да се ублажат рестриктивните мерки без ризик од друг бран пандемии.

„Многу земји би сакале да ги укинат мерките што е можно поскоро и да го вратат животот во нормала, но наша препорака е да ја задржиме состојбата на паника во сите земји во светот на најголемо можно ниво“, рече првиот човек на СЗО.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.