Според генералниот директор на Светската Здравствена организација кризата со опасниот вирус Ковид-19 би требало да помине за помалку од две години.
Тедрос Аданом Гебреисус, информацијата во јавноста ја соопшти вчера и додаде дека и кризата со шпанскиот грип во 1918 година, траела две години.
„Сега нашата ситуација е таква што имаме повеќе технологија, но со поголемата поврзаност вирусот има поголеми шанси да се прошири, може да се движи побрзо“, посочи Гебреисус.
Вирусот ќе остане со нас трајно, но може да стане обична настинка, вака зборуваа минатиот месец германските виролози Кристијан Дростен и Хендрик Штрик, но тие тогаш нагласија дека тоа може да се деси за неколку години, а не за месеци.
Во светот со новиот вирус Ковид-19 се инфицирани 22.986.700 лица, од кои 799.294 починале, а оздравеле 15.614.808 лица.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.