Претпладнево Загреб го стресоа два последователни земјотреса.

Објавил: Владо Марин | 23 април, 2020 17:42

Силен земјотрес во Загреб: Прекината и седницата во Собранието (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Magazin

Претпладнево Загреб го стресоа два последователни земјотреса.

Потресот се случил за време на седница на хрватското Собрание и по снимката објавена од индекс.хр може да се види како претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ веднаш станал, додека министерот Томислав Чориќ престанал со говорот.

Првиот потрес бил во 9:52 часот, со јачина 3,2 степени според Рихтеровата скала и се почувствувал низ целиот град и околината, јавуваат хрватските медиуми.

Седум минути подоцна, се почувствувал уште еден потрес, но тој бил послаб, со магнитуда од 2,3 според Рихтеровата скала.

Вчера главниот град на Хрватска регистрирал уште еден земјотрес.

Тој бил во 16:17 часот, со магнитуда од 1,4, а епицентарот бил на 21 километар северозападно од градот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...