Островите Кремандек се главно ненаселена област на околу 1.000 километри од Нов Зеланд.

Објавил: Перо Милчин | 16 јуни, 2019 10:30

Силен земјотрес со интензитет од 7,4 го погоди Нов Зеланд, СЕ ОЧЕКУВА СИЛНО ЦУНАМИ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтер регистриран е во јужниот дел на Тихиот океан кај островот Кермадек.

Силниот земјотрес се случи во 10.55 часот по локално време, на длабочина од 34 километри. Овие острови се главно област без население и се наоѓаат на околу 1.000 километри од Нов Зеланд.

Центарот за предупредување од цунами испратил соопштените дека нема опасност од појава на разорни бранови на бреговите на Нов Зеланд и на Хавајските острови.

„Може да се очекуваат невообичаено силни и опасни струи, како и непредвидливи бранови. Тоа би можело да претставува закана за активности на плажите, пристаништата, како и за пловидба на мали бродови“ соопшти Центарот за предупредување за цунами во Пацификот.

Се оценува дека големи бранови од околу 30 сантиметри би можеле да погодат некои острови во јужен Пацифик. Нов Зеланд  е островска држава во југозападниот дел од Тихиот Океан. Државата се состои од два големи и повеќе мали острови. Маорското име за Нов Зеланд е Аотеароа, што често се преведува како „Земја на долгиот бел облак“.

Нов Зеланд е држава со парламентарна демократија и земја членка на Комонвелтот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...