Американскиот геолошки институт ја процени јачината на земјотресот на 4,5 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри.

Објавил: Перо Милчин | 19 мај, 2020 10:37

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ КИНА: Загинаа 4 лица, 23 повредени!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во земјотресот што ја зафати југозападна Кина загина четири лица, а 23 се повредени, објави надлежната кинеска служба.

Земјотресот се случи во понеделникот во 21,47 часот по локално време во провинцијата Јунан, на релативно плитка длабочина од осум километри, според кинескиот центар за земјотреси.

Најмалку една куќа била срушена, а жителите рекоа дека земјотресот траел неколку секунди.

Американскиот геолошки институт ја процени јачината на земјотресот на 4,5 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри.

Различните податоци не се невообичаени и зависат од оддалеченоста на мерната точка.

Земјотресите се вообичаени во погодената област лоцирана на источните падини на Тибетскиот плато.
Најтешкиот земјотрес што ја погоди Кина во последните години беше во планинскиот регион во провинцијата Сечуан северно од Јунан во 2008 година, при што загинаа скоро 90.000 луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...