„Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија уште еднаш ја искажува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Османи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 февруари, 2022 6:56

Силна осуда на Бујар Османи на руското признавање на Доњецк и Луганск

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Силно го осудуваме признавањето од страна на Русика на украинските области Доњецк и Луганск како независни, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот твитер-профил.

„Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија уште еднаш ја искажува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Османи.

Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата ја образложи одлуката според која има намера да го признае суверентитетот на т.н. Доњецка Народна Република и т.н.Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН.

Во долгото обраќање, во кое рече дека Украина нема историја за да биде вистинска нација и ги обвини – без докази – украинските власти за корупција, Путин потврди дека ќе ја признае независноста на двата сепаратистички региони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Твитер

– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.

Американската амбасадорка му го честиташе мандатот на Заев

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран...