Едно лице загина, а 157 се повредени кога авион со 177 патници и шест членови на екипажот во средата вечерта слетувајќи по лошо време удрил на пистата од височина од  30-ина метри на истанбулскиот аеродром

Објавил: Македонка Димкин | 6 февруари, 2020 1:06

Силниот ветар и ураганот причина за авионската несреќа во Турција!

Фото/Текст извор: ©CNNTurk./ Muhammed Enes Yıldırım - Anadolu Ajansı

Едно лице загина, а 157 се повредени кога авион со 177 патници и шест членови на екипажот во средата вечерта слетувајќи по лошо време удрил на пистата од височина од  30-ина метри на истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“  при што се распадна на три дела и се запали, пренесе телевизијата CNNTurk.

На емитуваните снимки се гледа како авионот со голема бризна се движи по пистата, по што излетува надвор од неа и паѓа во канал. Снимките кои ги прикажуваа турските телевизии покажаа како неколку лица се провираат низ голема пукнатина во трупот на авионот и бегаат преку едно од крилата на задниот дел.

Авионот од типот „Boeing 737-800“ на турската нискобуџетна воздухопловна компанија „Pegasus Airlines“ летал од градот на егејското крајбрежје Измир кон Истанбул. Авионот најверојатно бил зафатен од силните ветови и обилните дождови кои ја погодија турската метропола во средата.

„Во овој момент имаме 157 повредени лица кои се сместени во болниците а еден наш сограѓанин го загуби животот“, изјави пред новинарите турскиот министер за здравство, Фахретин Коча.

„Некои од патниците самите се евакуираа од авионот, но другите беа заглавени во внатрешноста, а нашите спасувачи работат на нивното ослободување“, рече министерот за транспорт Мехмент Чахик Турхан

Гувернерот на регионот на Истанбул, Али Јерликаја, изјави за новинарите дека авионот „се лизгал околу 60 метри“ откако ја изминал пистата, а потоа „паднал низ јаз од околу 30 до 40 метри“. Несреќата, која тој ја припишува на лошите временски услови, „можеше да има и посериозни последици“, рече гувернерот.

Во јануари 2018 година, „Boeing 737-800“ на „ Pegasus“ се излизга на насипот на аеродромот во Трабзон на Црното Море и слета на само неколку метри од водата откако за среќа тркала заглавеија во густата кал. Тогаш сите 162 патници и шест членови на екипажот беа безбедно евакуирани во ризична операција. Беа потребни четири дена авионот да биде вратен на пистата, прио што беа користени кранови.

Според телевизијата NTV, авионот се распаднал по „силното приземјување“ на еден од двата главни меѓународни аеродроми во Истанбул. Предниот дел на леталото, вклучително и кокпитот, биле отсечени од поголемиот дел од трупот, а уште една огромна пукнатина го одделила задниот дел на авионот, вклучително и опашката.

Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, кој се наоѓа на азиската страна на Истанбул, е затворен и летовите се пренасочени кон главниот аеродром „Истанбул“.

Сличен инцидент се случи на истиот аеродром на 7-ми јануари со „Boeing 737“ на компанијата „Pegasus“, кога авионот долетал во Истанбул од градот Шарџа во Обединетите Арапски Емирати. Како што тогаш соопшти истанбулскиот гувернер, сите 164 патници кои во втреме на несреќата биле во авионот биле безбедно евакуирани и немало повредени.

Воздухопловната компанија „ Pegasus“ лета веќе 20 години, а има флота од 83 авиони, од кои 47 се „Boeing“ а 36 се „Airbus“, 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...