Бебето е пронајдено во приземен стан во истото село.

Објавил: Владо Марин | 9 август, 2020 15:19

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Фото/Текст извор: ©макфах

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна Грција. Според информациите, десетина луѓе се заробени во нивните домови и автомобили.

Полицијата соопшти дека брачен пар, на возраст од 86 и 85 години, утрово се најдени во бессознание во нивниот поплавен дом во приморското село Политика, на околу 100 километри северно од Атина.

Бебето е пронајдено во приземен стан во истото село.

Локалниот градоначалник изјавил дека бебето и неговото семејство не биле од тоа место и дека тука биле на одмор.

Голем број луѓе во селото се качиле на покривот од зграда, па пожарникарите испратиле хеликоптер за спасување во таа област.

Силен дожд ноќеска почна да врне, а пожарникарите одговориле на повеќе од 50 пожари предизвикани од удари од гром.

Откорнати се многу дрвја и паднати на патиштата, поради што бројни туристи се блокирани во кампови во оваа област. Како што пренесуваат грчките медиуми, две реки се излеале и ги поплавиле патиштата.

Властите ангажирале повеќе од 100 пожарникари и два хеликоптери во евакуацијата на заробени луѓе!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...