Невреме во САД!

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јануари, 2022 20:42

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Силно невреме проследено со обилни снежни врнежи речиси го парализираше североисточниот дел на САД. Силниот ветер, кој на моменти достигнувал брзина и од 120 километри на час, остави повеќе од 100.000 домови во Масачусетс без електрична енергија a  неколку градови од оваа сојузна држава беа поплавени.

Ширум државата откажани се 6.000 летови а ограниченo или со прекини се одвива и железничкиот сообраќај. Нималку не е подобра ситуацијата во Њу Јорк. Снежната покривка во градот за само еден ден достигна висина од 40 сантиметри а надлежните ги повика граѓаните, освен во исклучителни случаи, да не ги напуштаат домовите…

„Бидете внимателни и убаво да си поминете дома. Ова е добар момент да останете на топло во вашите домови.“ – изјави Ерик Адамс градоначалник на Њу Јорк.

Официјални преставници на сојузните држави Вирџинија и Мејн ги предупредија жителите да не излегуваат на патиштата поради слабата видливост, а на Роуд Ајленд, каде што е издадено предупредување за снежна бура, сообраќајот на патници е забранет, освен во итни случаи.

Метеоролозите предупредуваат дека временските услови ќе се влошат и најавуваат дека невремето ќе биде проследено од период со многу ниски температури и студ. Од националната метеоролошка служба соопштија дека регионот го погодил „циклонска бомба“, за која е карактеристична голема моќ и брз пад на атмосферскиот притисок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.