За цело време дувал силен ветар, на одделни места со удари на бурата со јачина и до 86 километри на час, гласно југозападни, наведе Хина.

Објавил: Перо Милчин | 27 јули, 2019 17:23

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: За два часа врз Истра и Кварнер удрија дури 8.000 молњи (видео)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Големо невреме со обилни дождови и бура, ноќеска ги зафатија Истра и Кварнер, а за само два часа регистрирани биле дури 8.000 молњи.

Како што наведе Хина, додека траело невремето дувал силен ветар, а на одделни места со удари на бурата со јачина и до 86 километри на час.

-Приближувањето на бурата од Италија го поттикна развојот на нови громови врз морето од северен Јадран, а потоа и формирање компактна линија на бурата. Линијата од громови бавно се приближуваше до брегот, па затоа наутичарите имаа неколку часа да се засолнат на сигурно, изјавија од истарскиот метео портал Истрамет.

Во Умаг и Новиград наврнаа 32 милиметри, а станицата во Пореч регистрира 15 милиметри, во центарот на Пула имаше дури 13 милиметри дожд.

За денеска исто така се најавува ново силно невреме.
Невреме е најавено исто така и во нашата држава, кое во попладневните часови ќе биде проследено со дожд, ветер и грмотевици.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.