Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со партијата „Левица“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 април, 2019 15:43

Силјановка: Во „Левица“сум опкружена со поранешни студенти, меѓу нас нема преправање

Фото/Текст извор: ©магазин.мк ФОТО: Лидер

Кандидатката за претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова која е поддржана од опозициската ВМРО, пред извесно време најави дека ќе ги посети сите оние за кои мисли дека и се потребни гласовите. Таа денеска оствари средба со партијата „Левица“.

-Во „Левица“ јас сум опкружена со бивши студенти кои не се забораваат, јас сум им била професорката, меѓу нас не може да има преправање. Многу се познаваме и тоа е инвестиција што вредела да се направи. Разговаравме за проблемите со кои се соочува оваа држава, за можните решенија, за приоритетите, за тоа што не врзува, што не раздвојува. И кога разговарате со аргументи, со луѓе со кредибилитет, луѓе како што реков кои што никогаш не се забораваат,се помнат иако сум поминала многу генерации, тогаш мислам дека може да се договорите околу клучните прашања. И јас очекувам, се разбира јас ја почитувам процедурата, тие имаат процедура, имаат органи, ќе разговараат но јас сум голем оптимист, посочи Силјановска Давкова.

Вчера професорката Силјановска објави дека е подготвена да се сретне со раководството на Левица и отворено да разговараат за тоа како може да работат на остварување на заеднички цели кои се од интерес за сите граѓани ФОТО: Курир

Таа откри дека на средбата со Левица, се разговарало за моменталната ситуација во државата, и она со што се соочува Македонија, додавајќи дека доаѓа крајот на политичките глумци и на оние кои глумат демократија и демокртаски реформи.

На средбата беше и Димитар Апасиев, член на Президиумот на Левица, кој истакна дека со професорката мале конструктивна средба.

„Имавме конструктивна средба во секој случај, цениме дека ние како партија заземавме анти-бојкот позиција бидејќи цениме дека бојкот во овие клучни претседателски избори е бесполезен, за разлика од бојкотот на референдумот кој што имаше своја суштина, овој има повеќе дримерски карактер и недопир со реалноста отколку што има реален политички ефект од него, така што во таа ситуација, во вториот круг кога одат двајца кандидати, бојкотот е нереална состојба. Беше побарана средба, ние удоволивме на таа средба, и имавме конструктивна средба, додаде Апасиев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.