Власта е опасно пореметена во корист на премиерот а Собранието е безгласна буква, додека пак судството во државата за жал веќе одамна не е независно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 април, 2019 21:32

Силјановска: Владеењето на правото го нема во Македонија, а судството одамна не е независно

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На претседателската дебата на Македонската Радио Телевизија, кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова истакна дека во Република Македонија веќе одамна нема ладеење на правото. 

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател од ВМРО – ДПМНЕ за претстојните избори во изминатиов период е едно од најактуелните лица во медиумите. Таа е сопруга, мајка, професорка, активистка – кандидатка за Претседател на Македонија! која вели дека нуди визија, програма, битка за право и правда.

Таа посочи дека рамнотежата на власта е опасно пореметена во корист на премиерот а Собранието е безгласна буква, додека пак судството во државата за жал веќе одамна не е независно. Таа вели дека измените во Кривичниот законик, јасно говорат дека судството не е независно.

Владеењето на правото не е само моја професионална вокација, туку е и моја животна филозофија. Владеењето на правото одамна го нема во Република Македонија. Без поделба на власта нема владеење на правото, нашето Собрание е безгласна буква, гласачка машина. Рамнотежата на власта е опасно пореметена во корист на владата, да не кажам во корист на премиерот. Јас тоа го нарекувам премиерски систем, а заедно со лидерот на другата партија го нарекувам конзулски систем. Судството одамна не е независно, поточно измените на Кривичниот законик врз донесувањето на законот за амнестија јасно говорат дека немаме независно судство, вели Силјановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести