Силјановска Давкова потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има полн легитимитет да собира потписи против одреден закон, во овој случај лош закон за попис, бидејќи и начинот на неговото донесување и неговата реализација се лоши.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 февруари, 2021 6:00

Силјановска Давкова: Република Македонија не смее да дозволи фингиран попис

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Гордана Силјановска Давкова која што зборуваше за потписите кои ВМРО-ДПМНЕ ги собира против законот за попис, како и за актуелните случувања во однос на мистериозно бегство и враќање на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Силјановска Давкова потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има полн легитимитет да собира потписи против одреден закон, во овој случај лош закон за попис, бидејќи и начинот на неговото донесување и неговата реализација се лоши.

Според неа за вакви прашања мора да има консензус, односно сите политички партии да дадат свои мислења и забелешки, но власта немала слух за барањата на другите политички партии кои не се дел од парламентарното мнозинство.

“ВМРО-ДПМНЕ поднесе многу амандмани кои беа во насока да се поправи законот за попис, односно да бидат имплементирани голем број забелешки кои што ќе придонесеа за многу подобар закон за попис, но парламентарното мнозинство не сакаше да соработува и своеглаво сакаше да истурка таков закон. Кога парламентарците не сакаат да послушаат други колеги парламентарци, тогаш ќе мора да го послушаат народот. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ отпочна со собирање потписи, кои засега се навистина во импозантен број”, вели Силјановска Давкова.

Република Македонија е категоризирана како земја во која што владее хибриден режим и токму затоа голем дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ не беа прифатени, вели Давкова. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ предложи да се набават апарати за фингер принт, со што пописот би добил многу повеќе на легитимитет и релевантност, но власта не е за таков чекор, бидејќи со користењето на такви апарати нема да може да се фингираат бројките како што власта ги замислила.

Пописот мора да биде статистичка операција која што ќе обезбеди точни информации и бројки, бидејќи врз тие бројки се гради општеството и се сноси општествената грижа. За еден човек да биде попишан, мора да биде секојдневно тука, тоа значи да живее тука и да не е човек кој мигрира и во Република Македонија не престојува предолго време. Тие луѓе не би требало да се попишуваат, бидејќи така голем број на села и градови ќе имаат огромни населенија, а всушност се празни, заврши Силјановска Давкова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...