Николовски донирал 180.000, Милошоски 150.000, Коце Трајановски 100.000 денари

Објавил: admin@magazin | 13 април, 2019 12:53

Силјановска Давкова собрала 203.000 евра од донации за претседателската кампања

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во првата половина од претседателската кампања потрошила речиси 163 илјади евра, пишува Плусинфо.

Силјановска Давкова како приходи пријавила 203 илјади евра од донации. Ова го покажува финансискиот извештај, објавен на веб страната на Државната изборна комисија.

Најмногу донирал потпретседателот на партијата, Александар Николовски – 180.000 денари

Помеѓу поголемите донатори за камапњата на Силјановска можат да се забележат пратеници и функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Најмногу донирал потпретседателот на партијата, Александар Николовски – 180.000 денари, а на листата е и пратеникот Антонио Милошоски со донација од 150.000 денари.

Донирал и поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски сума во висина од 100.000 денари.

На листата се и голем дел од останатите актуелни пратеници на опозицијата, меѓу кои и Нада Ципушева со донација од 150.000 денари, Трајко Велјановски 70.000 денари, Лилјана Затуровска 45.000, Ане Лешоска со донација на 130.000 евра, кои ги уплатина во два наврати, еднаш 80.000 денари, а другиот пат 50.000.

Целиот список на донатори можете да го погледнете ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.