Продолжува изборната кампања на претседателските кандидати

Објавил: Узунов Бобан | 10 април, 2019 8:41

Силјановска-Давкова: Татковината е неразделна со нациите, со ВМРО-ДПМНЕ имаме иста цел

Фото/Текст извор: ©магазин

Татковината е неразделна од нациите. Честопати се навраќам на зборовите на Бернард Шо, сѐ може да смените, може да ја смените идеологијата, може да ја смените облеката, поведението, ама татковината никогаш, порача Гордана Сиљановска-Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вчера вечер на на митинзите во Гостивар и Тетово.  

На митингот во Тетово Силјановска истакна: „Знам што го тишти најмногу Тетово. Јас не сум националист, меѓутоа не можам, а да не кажам дека јазикот е најважниот код за комуникација, особено во мултикултурно и мултиетничко општество. Не може да се разбираме преку преведувачи. Немам ништо против проширување на јазичните права, но само водена од правото и правдата ако е тоа во рамките на Уставот и на Рамковниот договор”, рече Силјановска.

Зборувајќи за важноста на претседателската функција, која според неа не е церемонијална, Сиљановска го најави нејзиниот ангажман доколку биде избрана.

„Како идна претседателка на државата секогаш и секаде ќе инсистирам на компетентност. Тоа го мислам на именување на двајцата судии во Уставниот суд, во Советот за безбедност да именувам тројца врвни експерти од областа на безбедноста и да го користам инструментот обраќање пред Собранието. Тој инструмент ќе го користам почесто, а не само еднаш во годината и ќе зборувам за проблемите на граѓаните”, рече таа.

Го критикуваше неинтонирањето на химната при посетата на премиерот на Грција Алексис Ципрас, што спред неа не било техничка пречка, туку, како што рече, актуелната власт не сакала да му направи проблеми на гостинот.

„Да се излезе на избори во поголем број, бидејќи на тој начин ќе се спречи избор на претседател според нивни терк”, повика Сиљановска.

Според неа, само граѓанското општество може да биде едно општество за сите.

„Уште од дете сум била непослушна. Секогаш сум сметала дека е подобро да ми покажете, а не да ми кажете. Не можам да премолчам на нешто што е спротивно на правото и правдата. Така што моето мислење го кажувам во јавноста отворено и гласно. Сметам дека како професор на факултет не ми е местото да бидам постојано на телевизија. Но, затоа пак, некои постојано се таму, на тв-екраните каде што од утро до вечер го говорат истото. Тие бранат и промовираат нешто што не им излага од срцето. Односно, говорат за она што е поврзано со нивниот статус и привелигии”, изјави Сиљановска пред тетовци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.