Таа вели дека е чудно тоа што верска заедница повика да се излезе на гласање, иако Македонија е секуларна држава.

Објавил: admin@magazin | 13 мај, 2019 21:31

Силјановска: “Добив понуда од нашата дијаспора да настапам на изборите самостојно”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Гордана Силјановска Давкова, која беше кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ во Отворено на Алфа ТВ, вечерва изјави дека добила понуда од нашата дијаспора да настапи на изборите самостојно.

Во вечерашната емисија „Отворено„ на Алфа ТВ, Гордана Силјановска Давкова, која беше кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека вели дека ова искуство на претседателските избори сепак вредело, бидејќи беше жена кандидат за претседател.

Таа изјави дека според неа изостана институционалната поддршка, но рече дека не бара објаснување од никого.

Таа вели дека според реакциите на луѓето со кои комуницира, нејзиниот политички настап ќе биде вовед во нова политичка култура, затоа што зад неа стојат многу млади луѓе кои ја поддржуваат. 

Гордана Силјановска Давкова која беше кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека таа добила понуда од нашата македонска дијаспора да настапи на изборите самостојно. 

„Партиите се главни актери во изборната трка, сами не можете многу да сторите“, рече таа.
Таа вели дека е чудно тоа што верска заедница повика да се излезе на гласање, иако Македонија е секуларна држава.

Гордана Силјановска Давкова рече дека едно општество за сите може да биде само граѓанското општество, и ги отфрли обвинувањата кои ги имаше во кампањата дека била националист.

Давкова е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија и автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004.

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Струга, Гордана Силјановска-Давкова била избрана за претседателски кандидат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...