Народот ќе ви ја испорача „Метлата" на 5 мај

Објавил: admin@magazin | 23 април, 2019 9:45

Силјановска до Заев: Од каде смрди рибата, народот ќе испорача „метла” на 5 мај

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се чудам од каде смрдеше рибата?! Народот ќе ви ја испорача „Метлата” на 5 мај!, напиша на Твитер Гордана Силјановска-Давкова откако вчера на трибина Заев најави чистка.

Твитер објава на Силјановска Давкова.

Кандидатката за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска вели дека политиката мора да се врати во рамките на правото. „Само ако законите се во согласност со Уставот и ако тие се применуваат подеднакво за сите нас, може да ја вратиме довербата во институциите“, напиша на Твитер Силјановска.

Според премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со изборните резултати на нивниот кандидат Стево Пендаровски граѓаните упатиле порака за незадоволство од функционерите најавувајќи дека ќе следи „чистка“.

– Пораката е дека има незадоволство од функционери, од централната, од локалната власт. Им возвраќам, ќе има чистка, секако дека ќе има чистка. После изборите ќе се случат промените. Редот е да ја испратам мојата порака до тие што останаа дома, државата ни е во прашање. Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата поради локалната или централната власт, порача Заев на синоќешниот митинг во општина Карпош. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.