Таа напиша дека целосно обединета и интегрирана Европа е предуслов за мир и просперитет.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 мај, 2019 20:48

Силјановска: Европа значи демократија, почитување на човекови права, достоинство, слободата и еднаквост

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорката Гордана Силјановска Давкова, која беше кандидат за претседател поддржана од опозициската партија ВМРО, на својот Фејсбук профил, објави честитка по повод 9-ти мај како Ден на Европа.

За студентите, професорката Силјановска Давкова е еден од најинспиративните професори. Според спроведено на повеќе факултети во рамките на Универзитетот „Кирил и Методиј„ (УКИМ), Силјановска-Давкова е еден од најинспиративните професори.За нејзе студентите велат дека е професионална, објективна и пријателски расположена.

Таа напиша дека целосно обединета и интегрирана Европа е предуслов за мир и просперитет.

-Ви го честитам и 9ти Мај како Ден на Европа! Декларацијата на Роберт Шуман, францускиот министер за надворешни работи, е презентирана на 9ти Мај 1950година. Шуман бил голем визионер, а неговата визија мора докрај да се исполни. Целосно обединета и интегрирана Европа е предуслов за мир и просперитет.

Професорката во својата честитка потенцираше дека Европа значи почитување на човековите права. Република Македонија, како природен дел од Европа, мора да се движи по патот кој предвидува демократија и владеење на правото, почитување на основните човекови права.

Европа значи демократија и владеење на правото, почитување на основните човекови права, достоинство, слободата и еднаквоста, односно почитување на европските заеднички вредности ипринципи, зацртани во Договорите на ЕУ. Овие вредности ги обединуваат сите членки на ЕУ и ниту една земја која не ги почитува овие вредности не може да припаѓа на Унијата. Република Македонија, како природен дел од Европа, мора да се движи по овој пат. Политичарите можат да се менуваат, но основните фундаменти на Европа се непроменливи и сите мора да се придржуваат кон нив, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.