Член 109 апсолутно и став 1 и став 2 не им е место во Законот за јавно обвинителство, зошто значи директно мешање на законот во работата на советот на јавни обвинители.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јануари, 2020 16:10

Силјановска: Законот преку член 109 директно се меша во надлежноста на Советот на јавни обвинители

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната јавна расправа за Законот за Јавно обвинителство, универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова, која беше и кандидат за претседател предложен од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека  член 109, став 1 и став 2 е потребно да се корегираат бидејќи директно се мешаат во Советот на јавни обвинители.

Г-н Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба (член 60, закон за ЈО)

Член 109 апсолутно и став 1 и став 2 не им е место во Законот за јавно обвинителство, зошто значи директно мешање на законот во работата на советот на јавни обвинители. Имено во рок од 30 дена од влегувањето на сила на овој закон се вели дека Основно јавно обвинителство ќе донесе одлука за зголемување на бројот на јавни обвинители за гонење на висок криминал, не може закон тоа да надреди, тоа е нивна работа врз основа увидот на јавните обвинители и мислам дека ова не е страшно да се корегира. И втората се вели дека во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката од ставот 1, Советот на јавни обвинители ќе распише оглас, ниту ова не може во овој закон да го пишува, бидејќи не е работа на овој закон, изјави Силјановска Давкова.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го пречекаа Љубомир Јовески со транспарент.

-Г-н Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба (член 60, закон за ЈО).

Во Собранието попладнево на седница на Комисијата за политички систем почна јавната расправа за законот за јавно обвинителство.

Министерката за правда Рената Дескоска очекува конструктивна јавна расправа за законот за јавно обвинителство. Таа изјави дека очекува јавната расправа да даде предлози како да се подобри Предлог-законот, а не да се злоупотребува времето за дебата.

– Дебатата треба да се води по законот по она што е содржано како решение и да слушнеме евентуално ако има предлози за подобрување на текстот. Во спротивно, секое било какво поинакво однесување, особено од опозицијата ќе биде протолкувано како опструкција на процесот и одолговлекување, рече Дескоска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести