Силјановска за прославата на независноста: Политички далтонизам !

Објавил: Узунов Бобан | 9 септември, 2019 11:47

Силјановска за прославата на независноста: Политички далтонизам !

Фото/Текст извор: ©магазин

ПОЛИТИЧКИ ДАЛТОНИЗАМ

Боите на Македонија се оние што доминираат на бабините скутници, веленца, килими, миленца, шамии, чорапи, елеци, фанели: црвената, црната и жолтата.

Боите на македонската слобода и независност се оние што се најприсутни на македонските знамиња за време на Кресненското и Илинденското востание, во Крушевската република, во НОБ, на АСНОМ – 1944, оние утврдени со уставите од 1946, 1963, 1974, она од 1991: црвената и жолтата.
Зарем сегашната власт ја ослободи Македонија, на 8-ми септември 2019 година, па измислува нови бои „на независноста“?
Неморално е да ја „ фарбате“ историјата, а и нас на денот на независноста, особено пред очите на оние кои на 8-ми септември 1991 година биле на бината на плоштадот „Македонија “, или пред неа, со развиени знамиња во боите на слободата и независноста!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести