Амди Бајрам кој беше меѓу првите кој најави кандидатура за претседател се откажа од такавата намера

Објавил: Узунов Бобан | 2 март, 2019 8:29

Силјановска и Пендаровски може да здивнат, Амди Бајрам се откажа од трката за претседател

Фото/Текст извор: ©магазин

По завршување на вчерашната средба на СДСМ со коалиционионите партнери, Амди Бајрам изјави дека се повлекува од претседателската трка и ќе го поддржи заедничкиот кандидат Стево Пендаровски.

-Од вечерва се откажувам од претседателската трка и се придружувам кон заедничката кандидатура. Успеав да соберам преку 10.000 потписи, туку денеска седнавме со премиерот, ради кандидатот се придружувам да не бидам посебен, туку сите заеднички и да биде претседател на сите граѓани, изјави Бајрам. 

Стево Пендаровски синоќа ја доби поддршката да биде заеднички кандидат на власта. Одредени експерти сметаат дека иако власта сака да го претстави Стево Пендаровски како конзензуален кандидат тој сепак е партиски кадар кој на изборите во 2016 година беше носител на изборна единица 1 на листите на СДСМ, а држел и политички функции како претседател на Државна изборна комисија токму кога се одржа референдумот за територијалната поделба.

Претходно Аднан Мемеди кој е дел од Централниот одбор на Сојузот на ромите на својот Фејсбук профил објави дека за претседател на Македонија ќе го кандидираат Амди Бајрам, објави Скопје1.

„На денешната седница на централниот одбор на Сојузот на ромите за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира претседателот на партијата и актуелен пратеник во Македонското собрание г-дин Амди Бајрам“, стои во објавата на Фејсбук. 

Според биографијата Амди Бајрам во политиката влегува во 1994 година како пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник.

 Во 1996 ја основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот СДСМ, а за парламентарните избори во 1998 типувал победа на премиерот Бранко Црвенковски со 102%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.