Во интервју за Независен весник

Објавил: Узунов Бобан | 11 април, 2019 9:12

Силјановска: Како претседател лично нема да користам Северна !

Фото/Текст извор: ©магазин

Во интервју за дневниот весник Независен, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова истакнува дека прашањето за името на државата сеуште е отворено и дека ќе ја промовира Македонија по принципот на “Македонска салата” 

Доколку кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова планира да ги спроведе доколку на 5 мај ја добие поддршката од гласачите. Во програмата напишана на дваесетина страници, таа ги образложува плановите за безбедноста, дипломатија, економијата, животната средина, загадувањето…

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе го задржи правото на суспензивно (џебно) вето како алатка за спротивставување на политиките на власта, но тврди оти тоа ќе го прави единствено за подобрување на квалитетот на законите заклучувајќи дека, сепак, последниот збор ќе го имаат пратениците, а таа ќе може да се жали до Уставниот суд

Кога е во прашање давањето мандат за формирање влада, Силјановска вели дека ќе му го даде на оној што ќе докаже дека има мнозинство во што би требало да се разликува од Иванов, кој долго време одбиваше да му даде шанса на Заев да ја преземе „Илинденска“.


Ветува дека со Владата ќе негува конструктивна соработка, а во случаи на евидентно кршење на законот и на Уставот, ќе се обрати пред Собранието и ќе побара јавна поддршка. 

„Во односите меѓу партиите ќе се поставам како неутрален модератор и ќе делувам непристрасно при евентуални дијаметрално различни позиции по однос на прашањата од национален интерес. Земајќи ги предвид безбедносните протоколи, ќе предложам намалување на привилегиите на претседателот по истекот на мандатот. Ќе се опкружам со мал кабинет на стручни и компетентни луѓе избрани на јавен конкурс, со почитување на највисоки критериуми“, тврди Силјановска.

Во изјава за Независен весник, професорката по уставно право објаснува оти тоа што ќе побара намалување на привилегиите, не значи дека тоа ќе важи ретроградно за поранешните претседатели (Бранко Црвенковски и наскоро Ѓорѓе Иванов) кои, според законот, имаат право на пензија и на свој кабинет. 

„Македонија е сиромашна земја и не може да си дозволи да издржува четири – пет кабинети. Јас, конкретно, не планирам да бидам претседател повеќе од еден мандат, но и за тоа време, средствата што ми следуваат, ќе се трудам да бидат искористени за поддршка на невладиниот сектор, за научни дела и работи што ќе придонесат за промоција на земјата“. 

Професионализација на дипломатската служба 

Во мојот мандат ќе поттикнам дебата за измена на Законот за надворешни работи со цел најмалку две третини од вкупниот број на дипломати да бидат дипломати од кариера, а останатите да бидат назначени од редот на т.н. политички дипломати. Моменталното законско решение овозможува во дипломатската мрежа да доминираат ‘политички назначените дипломати’, посочува Силјановска.  

Зборот „Македонска салата“ е мешана овошна салата и во социјален контекст бил популаризиран на крајот на 18 век, посочувајќи на разновидните потекла на луѓето во Македонското Царство на Александар Велики. Исто така некои автори го поврзуваат и со етничката разновидност во регионот Македонија во 19 век. Оттука мешаната овошна салата имплицира на мултиетничноста и мултирелигиозноста на регионот Македонија

Лично нема да ја користам придавката “Северна”

Ќе формирам експертска група составена од врвни светски авторитети во меѓународното право, да ја проверат правната одржливост на Преспанскиот договор во светлина на Виенската конвенција за договорно право. На македонскиот народ, со промените сврзани со Преспанскиот договор, му е одземено правото на самоопределување, кое е јус когенс во светлина на меѓународното право. Почитувајќи ја јасно изразената волја на македонските граѓани од септември 1991 година, како и од септември 2018 година, но и како граѓанин, лично нема да ја користам придавката северна“

Во однос на зачувувањето на македонската култура, истакнува дека тоа ќе го прави преку онлајн-платформа која ќе биде посветена на промовирање на Македонија преку лични искуства на луѓе во најразлични области: култура, народ, образование, забава, бизнис, природа и храна по принципот на Македонска салата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести