Чии идеи, на Силјановска или на Пендаровски имаат поголем одзив кај граѓаните ?

Објавил: Узунов Бобан | 13 април, 2019 22:08

Силјановска лик за промени – Пендаровски-потпарол на власта, чии идеи допираат до јавноста ?

Фото/Текст извор: ©магазин

На тринаесетиот ден од изборната кампања за претседателските избори очигледно е дека кандидатот на опозицијата, Гордана Силјановска-Давкова го постигнува т.н ефект на снежна топка-релативно incognito влегува на политичката сцена во поодминати години но со своите ставови  и критиките против власта многу брзо стекнува огромна популарност и ги добива симпатиите на граѓаните од сите генерации и општествени групи. 

Т.н ефект на снежна топка на Силјановска статистички потврден и преку нивните официјални фејсбук профили. За периодот од 18 февруари до 17 март објавите на Силјановска имале реакции до 72. 225 корисници со 7150 реобјавувања, а тие на Стево Пендаровски имале reach до 22.360 корисници со само 944 објавувања. Ефектот на Силјановска е уште поголем ако се знае дека таа само за краток период добила 26.000 лајкови наспроти 72.000 на Пендаровски собирани во неколку изборни циклуси во повеќе години.

Од другата страна е Стево Пендаровски, кој веќе еднаш ги изгуби претседателските избори во 2014 година и за овие избори е deja vu за македонскиот гласач, кој освен сувопарното повторување на мантрата ЕУ/НАТО, Пендаровски покажа дека го нема”ковот за претседател”- не понуди системски решенија ниту пак критика кои ќе го променат впечатокот на македонскиот граѓанин за државата воопшто-тоа е дека не се почитуваат законите, граѓаните не можат да ги остварат своите права на суд, непотизмот на власта и партизацијата на институциите. По овие прашања Пендаровски настапува како потпарол на Заев и не може да се одлепи од народната етикета за оваа власт-НИШТО НЕ РАБОТАТ И СИ ГИ ВРАБОТУВААТ САМО СВОИТЕ. 

Прашање на време е кога ваквиот начин на владеење на СДСМ/ДУИ ќе ја создаде критичната маса за граѓанско незадоволство во некоја нова форма на Шарена револуција, но сега против нејзиниот идеолог Зоран Заев. Во вакво опкружување, Пендаровски е на погрешната страна на политичкиот ринг.  

Рецепт за неуспех во политиката е неконзистеноста во ставовите- а во оваа дисциплина Стево Пендаровски е светски рекордер. Нема ден без видео изјава на Стево Пендаровски каде застапува ставови  кои се тотално спротивни на тоа што денес не убедува човекот кој сака да биде наш претседател. Така тој сметал во септември 2018 година дека ако референдумот е неуспешен процесот за промена на името мора да запре, а тој што ќе потпише промена на името сигурно ќе изгуби на избори. Што е следно ? 

На последно објавените анкети, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска водат убедливо кај македонскиот електорат, но и кај најмногубројните општествени групи-кои што не зависат од државниот буџет, невработените, пензионерите, приватниот сектор и земјоделците.  Што значи овие анекти преведени во политички речник ?

Ова значи дека народот е незадоволен од политиките на власта, а тоа што Стево Пендаровски има поддршка кај администрацијата го докажува фактот дека токму таму власта врши притисок и ја обезбедува поддршката за нивниот кандидат. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.